Второ реми по ред на Милан и веќе е на -3 од Наполи (ВИДЕО)
По ремито против Лече на домашен терен, „росонерите“ одиграа нерешено и против Аталанта (1-1) и загубија нови важни бодови. И во петокот, а и денеска, Милан не личеше на оној тим што на почетокот од октомври играше одлично го победи Наполи и ремизираше со Јувентус.
Вечерва резултатот го отвори Ричи по само три минути игра, но потоа Милан пропушти неколку шанси да дојде до поубедлива предност и можеби да го реши победникот. Место тоа, Адемола Локман погоди во 35. минута и со тоа, како што се покажа подоцна, го постави конечниот резултат.
Ова беше шести дуел по ред во сите натпреварувања на кој Милан не успеа да ја победи Аталанта. Во овие шест меча, четири пати славеше екипата од Бергамо, а два пати заврши нерешено со тоа што Милан последен пат славеше на 26 февруари 2023 година.