Сензација во Париз: Алкараз елиминиран уште во првиот натпревар

Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз експресно го заврши својот пат на Мастерсот во Париз и му даде шанса на Јаник Синер да го стигне на првото место до крајот на сезоната.

Шпанецот беше слободен во првото коло, а во 1/16-финалето е елиминиран од Камерон Нори со 1-2 (6-4, 3-6, 4-6). Со исклучок на првиот сет, Алкараз беше далеку од своето ниво и заслужено е поразен на турнирот каде се уште нема ниеден трофеј.

Во осминафиналето, Нори ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Риндеркнех и Вашеро кој се игра утре.