Maкедонската ракометна репрезентација денеска ги започнува подготовките за ЕХФ неделата во која избраниците на Кирил Лазаров ќе одиграат два пријателски натпревари против Јапонија.

Денеска ракометарите кои ги избра Лазаров се собраа во хотелот „Александар Палас“ и во наредните денови ќе следат подготовките за првиот дуел кој го играме на 30 ноември во Автокоманда, додека вториот кој е закажан за 1 ноември ќе биде одигран во Куманово.

Ќе потсетиме, од објавениот список на Лазаров го нема Дејан Манасков кој го одби повикот и на негово место пристигна неговиот клупски соиграч, Петар Атансијевиќ.

Со овој собир исто така за Македонија започнуват и подготовките за Европското првенство во јануари кое се игра во Данска, а каде што ние ќе бидеме во група со: Португалија, Романија и домаќинот.