И Рафиња удри по Јамал: Треба да размисли пред да каже нешто!
Тинејџерот пред натпреварот многу зборуваше и испраќаше провокации до ривалот, сепак на теренот каде што е најважно, не покажа речиси ништо. Критики на негова сметка сега испрати и соиграчот на Јамал, Рафиња.
„Виновен е заатоа што е млад и нема зрелост да размисли пред да зборува такви работи. Неговите зборови беа дополнителна мотивација за Реал Мадрид“, изјави Рафиња за „ДАЗН“.
Ќе потсетиме, Реал Мадрид со победата остана лидер во Ла Лига каде што сега има предност од пет бода во однос на второпласираната Барселона.
Во следното коло, Реал ќе игра против Валенсија, додека Барселона ќе го пречека Елче.
Фото: Barcelona FC/X