Јувентус никако да победи, Лацио славеше во Рим! (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус и петти натпревар во низа во Серија А остана без победа откако вечерва Лацио во Рим славеше триумф од 1-0.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи уште во деветтата минута кога Хрватот Башиќ ја погоди мрежата на „старата дама“ по една грешка на Дејвид на сопствеента половина.

Во продолжение, ниту Јувентус, ниту Лацио не напаѓаа премногу, најчесто се играше на средината од теренот.

Најголемата прилика за тимот од Торино ја пропушти Душан Влаховиќ кој во второто полувреме ја погоди пречкта. Во редовите на „старата дама“ сигурно ќе бидат незадоволни и поради една ситуација во која ВАР не се огласи откако Консеисао беше соборен во шеснаесетникот.

Фото: EPA