Изгледа Перез денеска не е во ВАР собата: Реал остана без пенал и без гол (ВИДЕО)

Во првите 15 минути од големото Ел Класико имаше две одлуки на ВАР, двете беа во полза на Барселона, Реал Мадрид не доби пенал, а потоа поради милиметарски офсајд беше поништен гол на Мбапе.

Во втората минута на Ел Класико дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона беше досуден пенал за домаќините, но потоа судијата со помош на ВАР ја промени одлуката.

Винисиус сакаше да ја шутне топката, Јамал ја подметна ногата по што доби удар од фудбалерот на Реал Мадрид. Судијата најпрво виде пенал, а потоа по прегледувањето на снимката досуди фаул за Барселона.

Неколку минути подоцна Реал Мадрид се израдува на прекрасен гол на Мбапе, но погодокот му беше поништен поради минимален офсајд.