УФЦ ужас: Мечот за титула го чекаа цела година, но по четири минути беше – поништен (ВИДЕО)
Мечот меѓу Том Аспинал и Сирил Ган беше прекинат поради ненамерен удар во око што му го онеспособи британскиот шампион да продолжи. Инцидентот се случи во првата рунда на настанот УФЦ 321, кога францускиот борец Ган, во обид да се одбрани, ненамерно го погоди Аспинал со прстите во двете очи. Иако првакот се обиде да ја продолжи борбата, по неколку секунди призна дека не гледа ништо со десното око, по што судијата Џејсон Херцог ја прекина средбата и ја прогласи за неважечка.
Двајцата борци го чекаа овој дуел речиси една година, но наместо спектакл, публиката во салата беше сведок на несреќен и разочарувачки крај. Аспинал веднаш беше упатен на лекарски преглед, додека Ган, видливо потресен, изјави дека длабоко жали поради исходот. Организаторите на УФЦ допрва ќе одлучуваат дали борбата ќе се повтори и кога двајцата ќе добијат нова шанса да се борат за шампионската титула.
ФОТО: X / @ipostinjuries