Јамал продолжи да ги провоцира навивачите на Реал (ФОТО)

Откако во една телевизиска емисија пред неколку дена рече дека „Реал краде и потоа се жали“, Ламин Јамал продолжи да ги провоцира навивачите на мадридскиот клуб.

Последните три дена тој доби еден куп навреди, па и закани, како од навивачите, така и од фудбалерите на Реал меѓу кои и Карвахал кој малку претера и во неврзан разговор му се заканил на својот репрезентативен соиграч дека ќе си оди во торба од „Бернабе“. Тоа очигледно не го исплаши Јамал кој синоќа испрати нова провокација, преку својот Инстаграм профил.

Таму тој постави фотографија од ланското Ел Класико на „Бернабе“ кога Барселона славеше со 4-0, а тогаш 17-годишниот Јамал постигна еден од головите. На фотографијата се гледа како тој слави, а навивачите го пцујат и некултурно гестикулираат.

Нема сомнение дека атмосферата попладнево ќе биде токму таква, а со оглед на тоа што Барселона е далеку од комплетна, целото внимание и бес ќе бидат насочени кон еден од најдобрите фудбалери на планетата во моментов.