Срам ни беше кога ги гледавме головите од мечот Тиквеш - Арсими! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсими денеска со неверојатен пресврт славеа победа на гостувањето кај Тиквеш со 4-3, домаќините имаа 3-1 до 84. минута, но потоа по неколку грешки во одбраната си дозволија да го загубат натпреварот.

Арсими така иако беше во една тешка позиција на крајот успеа да дојде до третиот триумф во сезоната, додека Тиквеш им приреди разочарување на своите навивачи.