Риека ја доби дводневната битка против Спарта Прага
Натпреварот започна вчера кога беше одиграно првото полувреме, но поради обилните дождови мечот мораше да биде прекинат. Денес продолжи вториот дел, а хрватскиот шампион стигна до заслужен триумф и првите три бода во натпреварувањето.
Иако Риека оваа сезона не игра на нивото од минатата година, успеа да слави благодарение на голот на напаѓачот Даниел Аду-Аџе на 15 минути пред крајот на средбата.
Во следното коло, Риека ќе гостува кај Линколн на Гибралтар, додека Спарта ќе го пречека полскиот Раков.