Екс-голман на Манчестер сити објави пензија: Време е за крај!

Aнглискиот голман, Скот Карсон објави дека се повлекува од професионалниот фудбал.

По заминувањето од Манчестер сити изминатото лето Карсон не успеа на 40 години да пронајде нов ангажман.

„По фантастичното патување помеѓу стативите, време е да објавам крај на кариерата. Ми беше чест. Фудбалот ми даде се“, објави Карсон на својот Инстаграм профил.

Зад него е долга кариера во коа не бранеше често. Беше трет голман на Манчестер сити, но си освои четири титули во низа од 2021 до 2024 година. Исто така ја освои и Лигата на шампионие во 2023 година, а во наведениот период бранеше само на два натпревари, еден во Лигата на шампионите и еден во првенството.

Карсон со Ливерпул во 2006 година ја освои титулата во најелитното европско натпреварување, каде што сепак беше резерва. Во таа година Карсон настапи само на два натпревари. 

Фото: EPA