Пелистер „од трета“ брка европско сефте – сѐ освен победа ќе биде катастрофа!
Битолчани вечерва ќе му бидат домаќин на словачкиот тим Превидза (19 часот), кој доаѓа од држава со уште полош рејтинг од македонскиот и против кого сѐ освен победа би се сметало за катастрофа.
„Прва работа што треба да ја смениме е индивидуалниот пристап, бидејќи од тоа почнува сѐ. Мораме да покажеме желба, да се бориме и да играме за секоја топка, да бидеме колективно силни, да личиме на тим. Мораме да останеме сконцентрирани и на обврските во одбраната, да не играме секој за себе. Ако секој од нас биде на висина на задачата со индивидуалниот пристап, тоа ќе придонесе сите заедно да изгледаме многу подобро на теренот“, вели репрезентативецот Лука Стојановски.
Во групата Д уште се натпреварува кипарски Керавнос, кој во првата рунда загуби на гостувањето кај вечерашниот противник на зелено-белите.