
Нова борбена победа на ШК Алкалоид за влез во европскиот „топ 10“
Овој пат во дуелот од третото коло беше совладан германскиот претставник Шахфројнде Берлин, клуб што според просечниот рејтинг од 2.426 поени е една класа над вчерашниот противник од Грција, а се рангирани како 12. носители на турнирот.
- Противничката екипа беше со слична конструкција како претходната со која игравме: пет млади, но силни шахисти кои се етаблираат во европскиот крем, плус тренерот на шестата табла, но, сепак, на многудалеку повисоко ниво. Типично за модерниот шах, овој интернационален состав на играчи од Германија, Австрија и од Полска не сакаа да чекаат да се развива борбата, туку со специјално подготвени специјални варијанти се обидеоа да направиат изненадување. Неоспорно, тоа муим донесе почетна иницијатива, -– открива ВМ Влатко Богдановски, капитен на интернационалиниот состав на ШК Алкалоид.
Со исклучок на првата табла каде што Еригаиси имаше ново перфектно издание, со многу подобро отворање со белите фигури, кое натаму го претвори во иницијатива, создавање на предност и во реализација, на другитеостанатите плочи драмата беше присутна.
Ји Веи и Читамбарам Аравинд со црни фигури ги пребродија почетните тешкотии и дочекаа ситни грешки од противниците, што натаму им го отвори патот за целосен пресврт и за освојување два на нови два меч- поениа.
На последните две табли, пак, Александар Инѓиќ прифати реми, а Ивиќ со црни фигури на шестата табла немаше шанса за повеќе од поделба на поенот во закономерно еднаква позиција.
Откако беа обезбедени четири бода за победа наво мечот, борбениот ВМ Јангји Ју на третата табла не сакаше да се помири со нерешенаремизна завршница, па откако се справи со почетната контра на противникот во крајно неизвесна ситуација, продолжи да игра на победа, со кралот на центар од таблата. Иако има само 24 години, ИМ Емил Шмидек (2.427) беше меѓу најискусните играчи на тимот, паи успеа на крајот успеа да го казни фаворитот со прецизна игра во завршницата. И покрај изненадувањата, чувството дека мечот беше под контрола не беше погрешно, а победата од 4 : 2 е јасен индикатор за големата борба која се разви на шесте табли.
Засега никој од конкурентите за висок пласман нема направено „погрешен чекор“, па најдобро рангираните екипи од стартната листа се водечки на табелата. Вкупно девет екипи имаат максимални шест бода, а зад нив се уште пет тима кои се без пораз, односно имаат две победи и еден нерешен резултат.
Во четвртото коло ШК Алкалоид ќе игра со претставникот на Азербејџан, клубот кој го носи името на нивниот легендарен шахист Вугар Гашимов, а кој е рангиран како шести носител на турнирот. Подеднакво жешко ќе биде и наво дуелот меѓу првиот и петтиот носител –, Бајеган Пендик од Турција и Нагиканижаи од Унгарија.
ФОТО: Архива на ШК Алкалоид