Луд меч во Леверкузен: Пет голови, два црвени картони и еден промашен пенал (ВИДЕО)

Европскиот шампион ПСЖ има водство од 4-1 против Баер Леверкузен по првите 45 минути во мечот од третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Парижаните поведоа по само седум минути игра, по што „фармацевтите“ добија шанса да израмнат од пенал, но Грималдо не го реализираше ударот од белата точка. Само неколку минути подоцна Андрих доби директен црвен картон и ги остави домаќините со фудбалер помалку.

Гарсија од пенал, сепак, во 38. минута донесе израмнување, откако една минута претходно Забарњи доби директен црвен картон.

ПСЖ во финишот од првото полувреме постигна уште три гола, и тоа преку два преку Дуе и еден преку Кварацхелија за предност од 4-1.