
Милер ја откри својата неостварена желба: Чекал повик од еден клуб, но никогаш не го дочекал!
Милер откри дека сакал да остане во Европа по заминувањето во Баерн Минхен, а негова идеја била Барселона, но останала само неостварена желба.
„Можеби имав неколку опции да останам во Европа. На пример, сакав да играм за Барселона. Да ми се јавеше Флик, ќе потпишев за нив“, открива Милер.
Германецот во моментов игра за Ванкувер вајткапс за кој настапи на 13 натпревари, а притоа постигна 10 голови и шест асистенции.