
Шок за Партизан: Еден од најдобрите играчи се повреди и ќе паузира до јануари
Лидерот на тимот на Партизан незгодно слета на левата нога кон крајот на четвртата четвртина од синоќешниот натпревар против ФМП. Веднаш беше јасно дека не е добро, не може да оди самостојно, а првите скенирања ги потврдија најцрните сомнежи. Партизан сега е во голем проблем бидејќи единствениот вистински организатор на играта останува Двејн Вашингтон, а Стерлинг Браун би можел да му помогне во тоа, иако позицијата 1 воопшто не е неговото природно место.
Со оглед на оваа ситуација, можеби не е чудно Партизан да излезе на пазарот за бек бидејќи Карлик нема да игра најмалку до јануари.