
Синот на Роналдо ќе игра и за уште една португалска селекција
Роналдо јуниор кој има 15 години доби место помеѓу 22 фудбалери кои ќе ја претставуваат Португалија на Купот на федерации кои ќе се одржуваа во Анталија од 30 октомври до 4 ноември.
Зад себе синот на Роналдо веќе има пет настапи за репрезентацијата до 15 години за која дебитираше во март на турнир во Хрватска на кој во финалето постигна два гола во победата од 3-2.
На тој турнир го носеше дресот со број „седум“ и играше на позицијата лево крило, позиција на која кариерата ја започна и Роналдо. Во овој момент тој е член во младинските категории на Ал-Наср, а претходно беше дел од Манчестер јунајтед и Јувентус.