Шишковски правеше чуда на голот на Борац, па беше избран за играч на колото (ВИДЕО)

Maкедонскиот чувар на мрежата, Дамјан Шишковски имаше одличен викенд во кој беше еден од најзаслужните за победата на неговиот Борац против Вележ со 1-0, па заслужено го доби и признанието за играч на колото.

Шишковски имаше неколку одлични интервенции со кои успеа да го зачува својот гол и така да обезбеди три бода за Борац кој по десет одиграни кола се наоѓа на врвот во првенството на БиХ со осум победи, едно реми и еден пораз.

Покрај Шишковски место во идеалните 11 имаше и за Матеј Цветаноски кој со Железничар исто така славеше минимална победа од 1-0 над Посушје.