
Постекоглу само 39 дена работеше во Нотингем, но има и полошо!
Постекоглу го водеше Нотингем на осум натпревари и не забележа ниту една победа. Имаше шест порази и два нерешени меча.
Газдата Маринакис немаше големо трпение, му даде отказ на Постекоглу по само 39 дена откако го назначи за нов тренер.
Рекордот го држи Сем Алардајс кој во Лидс во 2023 година се задржа само четири натпревари, односно доби отказ по само 30 дена.
Постекоглу сега е втор на оваа листа, а трет е Лес Рид кој го водеше Чарлтон 40 дена.