
Наместо квалитет, брат му на Белингем донесе проблеми во Борусија Дортмунд
Откако пред неколку недели се дозна дека дошло до расправија меѓу Марк, таткото на играчот, и Себастијан Кел, спортскиот директор на германскиот клуб, ситуацијата дополнително се влошила.
На дербито против Баерн Минхен влезе од клупата за резерви и направи грешка која претходеше на вториот примен гол. Потоа не успеа да му помогне на тимот барем да извлече реми. Неговиот настап беше скромен, а навивачите веќе почнаа да го критикуваат.
Критиките станаа толку остри што дури и противничкиот фудбалер, неговиот сонародник Хари Кејн, застана во негова одбрана. „Тоа беше тешка ситуација за него. Се обиде да ја изнесе топката, но Олисе реагираше одлично и му ја одзеде. Штета, но мора да продолжи и напорно да работи“, изјави Кејн.
Борусија Дортмунд го купи Џоб Белингем за 30,4 милиони евра од Сандерленд, но се чини дека направи голема грешка, тој не е ниту блиску со квалитетот до брат му Џуд Белингем.
Фото: EPA