
Веспрем ги чува клучните - Циндриќ останува до 2028!
Веспрем веќе долго време очајно ја посакува титулата во Лигата на шампионите, но никако да дојде до неа. Унгарците градат моќен тим и се надеваат дека конечно ќе седнат на европскиот трон.
Од Веспрем информираат дека во договор со тренерот Чави Пасквал и спортскиот директор Ласло Наџ, одлучиле на тројцата ракометари да им ги продолжат договорите.
Недил Ремили потпиша договор до 30 јуни 2029, Лука Циндриќ до 2028, а Тиагус Петрус до 2027 година.
„Многу сум горд на довербата која ми е покажана со добивањето на договор на уште две години. Голема чест ми е да го претставувам овој клуб. На теренот и надвор од него ќе давам се од себе за заедно да ги оствариме нашите цели. Напред Веспрем“, изјави Лука Циндриќ.