
Србите не престануваат да се брукаат - Андора им даде гол од центар (ВИДЕО)
„Орлите“ имаат шанса да победат, но долго ќе се памти голот што го примија во Ла Вела. Во 17. минута Србите загубија една топка на центарот на теренот, до неа дојде Лопез и на општо изненадување веднаш шутираше кон противничкиот гол, совладувајќи го Петровиќ од над 45 метри.
За среќа на српската репрезентација, две минути подоцна Андора си даде гол, па резултатот беше израмнет.