
По Албанија, Србија доби шлаканица и од Косово
Во првиот случај доби жестока шлаканица од Албанија на домашен терен во саботата, а синоќа Косово им ја продолжи агонијата на Србите со сензационалниот резултат на гостувањето во Шведска. Во дополнителните квалификации ќе учествуваат 16 репрезентации, распоредени во четири мини-турнири со по четири селекции, а победниците од секој турнир ќе изборат пласман на Светското првенство. Пласман во тие квалификации има за 12 второпласирани репрезентации во групите и уште четири најдобро рангирани од Лигата на нации кои во квалификациите не биле први или втори.
За Србија да добие место во нив, потребно беше Шведска во својата група да биде меѓу најдобрите две репрезентации, но тоа по се изгледа нема да се случи. Синоќа Косово славеше во Шведска со 1-0, со голот на Аслани, па сега има седум бода, а Швеѓаните со само еден се наоѓаат на последното место на табелата.
За Србија да се надева на место во дополнителните квалификации, потребно е Косово да ги загуби двата последни натпревари, Шведска да ги добие, а притоа да ја надополни гол-разликата од -4 во однос на балканската репрезентација.