
Роналдо имаше дуел со голманот на Ирска, саркастично му аплаудираше (ВИДЕО)
Португалија славеше победа од 1-0, а херој беше Рубен Невеш кој постигна гол во 91. минута, меѓутоа оваа средба донесе и многу фрустрации за португалскиот ас.
Во 76. минута Роналдо имаше прилика да погоди од пенал, но неговиот удар го одбрани ирскиот чувар на мрежата, веднаш потоа тој бурно прослави пред Роналдо. Тоа бил негов одговор на претходни провокации од Роналдо кој му гестикулирал да не одолговлекува, па дури и саркастично аплаудирал пред него.