Пелистер за само осум минути ги распродаде билетите за дуелот со Барселона!

Билетите за натпреварот помеѓу Пелистер и Барселона во Лигата на шампионите (ЛШ) се распродадоа за само осум минути, соопштија од битолскиот клуб.

Огромниот интерес на публиката значи дека салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место за престојот на еден од најдобрите клубови во Европа. Каталонскиот гигант гостува во „градот на конзулите“ во рамки на новото коло од елитното натпреварување, а дуелот е закажан за среда (15 октомври), со почеток во 20.45 часот.

Средбата ќе ја судат турските арбитри Курсад Ердоган и Ибрахим Едениз, додека делегат на ЕХФ е Марко Тоси Бранди од Италија.