Сензационалниот победник во Шангај скокна 164 позиции на АТП ранг листата!

26-годишниот Валентин Вашеро од Монако направи вистинска сензација откако како 204. тенисер на АТП листата го освои големиот мастерс турнир во Шангај, неговиот скок денеска на новата АТП листа е неверојатен.

Победата во Шангај му донесе скок од дури 164 позиции, па сега Вашеро е на 40. место на АТП Листата.

На патот до трофејот Вашеро сите тенисери кои ги победи разбирливо беа подобро рангирани од него, а меѓу нив имаше и некои од најдобрите како Руне и Ѓоковиќ.

Тој испиша историја станувајќи најслабо рангираниот тенисер кој освоил Мастерс 1000 турнир.

Лидер на АТП листата и натаму е Алкараз, а во топ десет се уште и Синер, Зверев, Фриц, Ѓоковиќ, Шелтон, Де Минор, Мусети, Дрејпер и Качанов.