Охрид и во реваншот ја наполни мрежата на Баки за трето коло во Европскиот куп

Уште по вчерашната победа од 33 гола разлика (44-11) беше јасно дека ГРК Охрид нема да има проблем со пласмано во третото коло на ЕХФ Европскиот куп, а денеска македонскиот претставник со уште еден убедлив триумф над Баки само потврди дека е неколку класи на Азербејџанците

На вториот натпревар кој се играше исто така во Охрид, денеска избраниците на Борис Ројевиќ беа подобри со 38-21.

До овој триумф Охрид дојде и без услугите на најважните ракометари кои добија одмор, а шанса за игра имаа ракометарите со помала минутажа.

По првиот дел Охрид водеше со огромни 23-9 за во вториот дел биде нешто помалку ефикасен.

Давид Савревски со девет гола беше најефикасен, следеа Кукуловски и Шипинковски со по шест. На спротивната страна Камрам Мадов се издвои со осум погодоци.