
Последни подготовки на репрезентацијата, Казахстан треба да падне за да останеме лидери (ФОТО)
Нашиот национален тим се надева на триумф кој ќе го остави на првото место на табелата во групата до ноември кога се на програмата последните два меча од овој циклус. Во моментов Македонија е лидер со бод повеќе од Белгија и два од Велс и само победа гарантира челна позиција по октомвриските квалификации.
Иако играме против еден од аутсајдерите во групата сепак, Милевски денеска потенцираше дека не смееме да си дозволиме да го потцениме противникот и во дуелот ќе влеземе максимално фокуирани.
Натпреварот на Градски стадион во Скопје се игра утре од 20:45 часот, а ќе го води шпанскиот судија Хуан Мартинез Мунуера.