Димитриевски: Имаме само една цел - триумф

Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски очекува тежок натпревар против Казахстан, но и победа која ќе не доближи до првото место во групата на крајот од квалификациите за Светското првенство.

На Македонија ѝ е потребна победа на утрешниот меч за да ја задржи челната позиција на која е во моментов и тоа е единствената работа на која фудбалерите размислуваат во моментов.

„Важен натпревар, очекуваме да имаме голема поддршка од трибините, па така полесно да дојдеме до трите бода. Ние имаме една цел, а тоа е триумф. Јас во секој натпревар очекувам ние да напаѓаме и да се браниме, но дефинитивно Белгија е подобра од Казахстан и премногу не напаѓаа, па моравме да се браниме. Утре тука со полни трибини очекувам ние да бидеме тие кои ќе го имаат главниот збор“, рече Димитриевски.

Со победа на утрешниот меч, Македонија ќе го зголеми притисокот врз конкурентите за првото место, а воедно ќе ги задржи шансите за директен пласман на Светското првенство, во ситуација во која веќе има обезбеден бараж.