Како пред 10 години: Тензија меѓу Диего Коста и Шкртел - и тоа на хуманитарен меч! (ВИДЕО)

Диего Коста и Мартин Шкртел пред десет години водеа жестоки битки на натпреварите меѓу Челси и Ливерпул, двајцата ги завршија фудбалските кариери, но се најдоа на хуманитарен натпревар и продолжија по старо.

Легендите на Челси и Ливерпул вчера одиграа хуманитарен натпревар во Лондон, а дуелот покажа дека некои работи не се менуваат. Диего Коста и Мартин Шкртел пред десет години имаа жестоки битки, а така беше и сега.

Се започна кога поранешниот дефанзивец на Ливерпул со опасен старт одзеде една топка и го собори Диего Коста, кој веднаш реагираше и го удри противникот.

Бразилецот потоа наплати со камата и од зад грб убаво му влезе на Мартин Шкртел, па двајцата се внесоа во лице како пред една деценија. Соиграчите брзо притрчаа, а реагираше и судијата, кој му покажа жолт картон на Диего Коста.