Фарски Острови ја средија и Чешка, ама чудо им е потребно за бараж за Мундијалот (ВИДЕО)

Откако пред три дена ја прегази Црна Гора, репрезентацијата на Фарски Острови направи уште едно големо изненадување откако вечерва на домашен терен ја совлада Чешка со 2-1.

Со тоа, ширум ѝ го отвори патот кон Мундијалот на Хрватска која може уште вечерва да ја завери „визата“ за Америка. Од друга страна, освен за својот имиџ, победата нема да има големо влијание на пласманот на Фарски Острови бидејќи само чудо може да ја однесе оваа селекција во баражот за Светското првенство.

На еден натпревар пред крајот, Фараните имаат 12 бода, еден помалку од Чешка со тоа што во последниот меч Фарски Острови гостуваат во Хрватска, а Чесите го пречекуваат аутсајдерот Гибралтар.

Што се однесува до денешниот натпревар, се што беше важно се случи во последната четвртина од мечот. Во 67. минути Соренсен ги доведе Фарски Острови во водство, во 78. Карабец израмни, а Агнарсон три минути подоцна го постави конечниот резултат.

РЕЗУЛТАТИ
Сан Марино - Кипар 0-4
Фарски Острови - Чешка 2-1
Холандија - Финска 4-0
Шкотска - Белорусија 2-1