
Меси се враќа по уште еден трофеј на стадионот на кој стана светски шампион!?
Сега, кога Аргентина веќе се квалификуваше за Светското првенство следната година, а Шпанија е исто така многу блиску до обезбедување место на Мундијалот, сите детали околу натпреварот почнуваат да се разработуваат. Натпреварот најверојатно ќе се одржи во март, за време на меѓународниот прозорец предвиден за плејофот на Светското првенство. ФИФА инсистира на тоа дека на овој натпревар ќе му се даде апсолутен приоритет, што значи дека нема да има други меѓународни натпревари на тој ден што значи дека дуелот Шпанија-Аргентина е закажан околу европскиот и меѓуконтиненталниот плејоф.
Во конкуренција за домаќини се неколку градови, од Мајами до Ријад, но според Марка, Катар е најсериозен кандидат, а стадионот Лусаил е место кое сите го претпочитаат. За ова постојат неколку причини: оддалеченоста на арапската земја од двете вклучени земји, поволната клима и, не помалку важно, фактот дека главниот град на Катар е главна резиденција на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Ако ова се потврди, стадионот каде што Аргентина ја освои својата трета светска титула, а Лионел Меси го крена пехарот од Светското првенство во епското финале против Франција, повторно ќе биде место на голем настан. „Гаучосите“ ќе ја бранат круната од претходната Финалисима, освоена на 1 јуни 2022 година по победата од 3-0 над Италија на „Вембли“. За Шпанија, ова ќе биде прв обид да го додаде овој трофеј во својата колекција.
Освен во 2022 година, ваков меч е одржан уште два пати - во 1985 година, кога Франција го победи Уругвај со 2-0 и во 1993 година, кога Аргентина повторно триумфираше против Данска по нерешен резултат 1-1 во регуларното време и 5-4 на пенали.