Пелистер за роденденот го победи Динамо Букурешт во Битола

Eкипата на Пелистер со победа од 2-0 над Динамо Букурешт во Битола  го прослави својот 80. роденден.

Двата гола битолскиот клуб ги постигна во второто полувреме. Првиот беше автогол на Тоадер на 15-тина минути до крајот, додека во финишот Ристовски о пенал ги постави конечните 2-0.

Во текот на натпреварот битолскиот клуб имаше и уште неколку одлични прилики, меѓутоа изостана реализацијата.

Македонскиот тим беше поконкретен и повеќе напаѓаше, меѓутоа свои шанси имаа и гостите од Романија.

Покрај 80 години постоење на клубот, денеска и Чкембарите го славеа својот 40-ти роденден.