Негативен рекорд: Ѓоковиќ го доживеа најтешкиот пораз во кариерата!

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ повреден не успеа да излезе на крај со сензацијата во Шангај, Валентин Вашеро (0-2 во сетови).

Ѓоковиќ долго ќе го памети поразот од тенисерот од Монако бидејќи тоа е најслабо рангираниот играч од кого загубил на гренслем или мастерс.

Претходниот најтежок пораз на Ѓоковиќ бил од Лука Нарди од Италија, кога тенисерот бил на 123. место на АТП-листата.

Вашеро во моментов се наоѓа на 204. позиција, но ќе забележи огромен скок на новата ранг-листа во понеделник.

Фото: EPA