
Вардар го прегази Прилеп за „седум од седум“ во Суперлигата!
Црвено-црните со ова ја потврдија одличната форма и максималниот учинок од седум победи на седум натпревари. Од самиот почеток избраниците на Вардар ја имаа контролата врз играта и не оставија простор за изненадување. Предноста постојано растеше, а натпреварот заврши со високи +17, што јасно ја одразува доминацијата на скопскиот состав.
Тренерот Иван Чупиќ им даде шанса на сите ракометари, кои ја оправдаа довербата со тоа што секој од нив се запиша во листата стрелци.