Мундијалскиот сон продолжува - еве што ни треба за директно да одиме на СП!

Македонската фудбалска репрезентација со голем бод се враќа од Гент, во овие квалификации останавме непоразени од фаворитот во групата, селекцијата на Белгија. Oстануваме на првото место, но дали ќе го задржиме не зависи од нас. Да видиме што вика математиката.

Баражот веќе го имаме во рака без разлика како ќе ги завршиме квалификациите, него го обезбедивме преку Лигата на нации. Но, Македонија со денешниот резултат остана во игра за првото место и директен пласман на Мундијалот.

Во моментов сме први на табелата со бод повеќе од Белгија и два од Велс, со таа разлика што овие две селекции имаат и натпревар помалку.

Иако сме на врвот, работите не зависат од нас. Клучен за кристализирање на целата ситуација е натпреварот меѓу Велс и Белгија кој се игра во понеделник.

На Македонија најмногу ѝ одговара Велс да победи на овој дуел, со тоа би добиле шанса во мечот против Велшаните сами да одлучуваме за првото место, тогаш ќе ни треба победа за да одиме на Светско

Реми од овој натпревар ќе ја стави Белгија во пол позиција, бидејќи со тој бод и победи над Казахстан и Лихтенштајн кои се извесни, Белгијците би завршиле први поради подобра гол разлика (во случај ние да ги победиме Казахстан и Велс).

Победа на Белгија во Велс ќе значи и крај на реалните шанси за директен пласман на Македонија на Мундијалот. Теоретски ќе останеме во игра, но би било чудо Белгија да биде сопрена од Казахстан или Лихтенштајн во последните две кола.

Баражот ни е обезбеден преку Лигата на нации, но не е комплетно неважно дали ќе завршиме втори или трети во квалификациската група. Со завршување на второто место ќе имаме шанса да добиеме полесен противник, додека проекцијата ако играме бараж преку Лигата на нации речиси сигурно ни ја дава Италија.

Табела: Македонија 12, Белгија 11 (-1), Велс 10 (-1), Казахстан 6, Лихтенштајн 0.

Преостанати натпревари на Македонија:

Македонија - Казахстан
Велс - Македонија

Преостанати натпревари на Белгија:

Велс - Белгија
Казахстан - Белгија
Белгија - Лихтенштајн

Преостанати натпревари на Велс:

Велс - Белгија
Лихтенштајн - Велс
Велс - Македонија