Медведев го нападна судијата: Ти си луд, цел живот сервирам и го чекам Рафа по 55 секунди!

Рускиот тенисер Данил Медведев славеше против Леарнер Тиен во три сетови за пласман во четвртфинале на мастерсот во Шангај, но тој повторно имаше забелешки на сметка на судијата.

Медведев се изнервира кога доби предупредување дека намерно трошел време пред да сервира неговиот противник, па Русинот реши да ја спореди таа ситуација со Рафаел Надал, кој беше познат по тоа дека долго се подготвува за поените.

„Цел живот сервирам и го чекам Рафам по 55 секунди. А ти веднаш ми даваш предупредување? Играв против Рафа пет пати, ниту еднаш не доби предупредување. Ти си луд“, му кажа Медведев.