
„Натпреварот во Лесковац е наместен, исто како во 2015 година“
Имено, тој во објава на социјалните мрежи тврди дека натпреварот е наместен, додавајќи дека тоа се случило и пред 11 години. Тогаш во дуелот кој се одигра по оној кој беше прекинат, Србија победи со 2-0.
„Натпреварот кој се оигра на 8 октомври 2015 година помеѓу Албанија - Србија беше однапред договорен, со одлука на Владата која кажа како дуелот треба да заврши. Бев неутрализиран поради причини за „ред и мир“, а всушност тоа беше евтин театар на власта. Сега, нов натпревар против Србија и повторно се одлучува однапред како треба да заврши.
Властите во Тирана и Белград не само што го одредиле резултатот, туку и текот на натпреварот. Мислат дека сè им е под контрола, но длабоко во себе знаат дека ништо не контролираат. Тие се потсмеваат со љубителите на спортот од двете земји, претворајќи го овој натпревар во театарска претстава.
Ги повикувам сите играчи, а особено капитенот на репрезентацијата: „Немојте да бидете дел од овој срам. Од вас зависи дали сакате да го зачувате интегритетот, прво како луѓе, потоа како професионалци или саката да ја продададе душата. Одлуката и изборот е ваш“, гласи неговата порака.
Натпреварот помеѓу Србија и Албанија се игра в сабота во Лесковац од 20:45 часот. Ќе постетиме, Фудбалскиот сојуз на поради безбедносни мерки одлучи да не пушти билети во слободна продажба.
Фото: FSHF