Добро познат шпански предизвик за шампионките, Металург ќе патува во Сплит!

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција, екипата на Ѓорче Петров, повторно ќе се сретне со шпанскиот Елче, овој пат во третата квалификациска рунда од ЕХФ Купот, реши денешната ждрепка одржана во Виена.

Станува збор за добро познат противник за ѓорчепетровки, кои двапати досега се соочиле со овој клуб и во двата наврати биле елиминирани. Новиот дуел нуди можност за реванш и прекин на неповолната традиција против шпанскиот тим.

Ракометарките на Металург, пак, го добија хрватскиот Сплит за противник. Првиот меч ќе го одиграат на гости, а реваншот во Скопје.

Натпреварите се закажани за 8 и 9 ноември, додека реваншите ќе се одиграат на 15 и 16 ноември.