Инцидент во Барселона: Бивш претседател на Еспањол се тепал со навивачи (ВИДЕО)

Бетис во драматичен дуел го совлада Еспањол со 2-1 во Барселона во Ла Лига, а завршницата беше навистина неверојатна бидејќи голманот на гостите, Пау Лопез му одбрани пенал на Пуада.

Напнатоста од теренот се префрли на трибините, каде што неколку навивачи и челници се степале во ВИП-делот на стадионот на Еспањол.

Камерите ја снимиле тепачката, а според информации на „Марка“ во неа учествувал и поранешниот претседател на Еспањол, Хоан Колет.