Чудна ситуација во Црна Гора: Лидерот има негативна гол-разлика

Често пати во фудбалот гледаме необични ситуции, а една таква сега ни пристигнува од најсилното првенство во Црна Гора каде што лидерот има негативна гол-разлика.

Имено, екипата на Дечиќ која летово играше и против Силекс во европските квалификации е прва на табелата по 11 кола со 20 освоени бодови, но до нив стигна со гол-разлика 15-16.

Во ваква ситуација Дечиќ се најде затоа што речиси сите победи сезонава им беа со минимален резултат, додека кога губеа, губеа поубедливо. Од вкупно шест победи, пет беа со минимална разлика, единствено Сутјетска ја победија со 3-1. Од друга страна во трите порази двапати губеа со 2-0 и еднаш со 4-0.

Исто така интересно е што покрај Дечиќ само уште трите последни екипи на табелата имаат негативна гол-разлика, останатите или се во „плус“ или на „нула“.

Фото: FC DECIC