
Фудбалерите насмеани дојдоа на првиот собир за историските дуели со Белгија и Казахстан (ФОТО)
Црвено-жолтите најпрво ќе гостуваат кај Белгија во Гент на 10 октомври, додека три дена подоцна ќе го пречекаа Казахстан во Скопје, а македонските фудбалери денеска пристигнаа насмеани на првиот собир и делува дека владее добро расположение во репрезентацијата.
Во пресрет на натпреварите, Македонија е прва со 11 бодови, односно има еден повеќе од Белгија и Велс.