
Словенецот Цирар го напушта Охрид - двете страни го раскинаа договорот!
Цирар пристигна во Охрид на почетокот на 2023 година, по што со многу успех го носеше дресот на „гладијаторите“ сè до стартот на оваа сезона.
„ГРК Охрид ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со словенечкиот интернационалец Гал Цирар кој неколку сезони успешно го носеше дресот на нашиот клуб.
Му благодариме на Цирар за сè што направи за ГРК Охрид и му посакуваме успех во неговата натамошна кариера“, соопшти клубот