Муринен откри зошто го одбра Партизан и која е неговата цел!

Сензационалниот Финец, Мика Муринен, пред извесно време направи изненадувачки трансфер во Партизан, а сега објасни зошто се одлучи на ваков потег.
 

Муринен вели дека една од причините поради која потпишал за Партизан е можноста да работи со Жељко Обрадовиќ.

Тој смета дека повеќе може да напредува играјќи во Евролигата отколку да останеше во средното училиште во САД.

„Тука во Партизан ќе имам многу повеќе простор за напредок отколку да останав во средно училиште во САД. Го имам најдобриот тренер на сите времиња и фантастични соиграчи. Ќе играм во Евролигата, очекувам тешки натпревари. Целта ми е да бидам подобар“, изјави Муринeн кој допрва треба да дебитира во црно-белиот дрес.

Муринен во март наполни 18 години, тој блесна на Европското првенство со неговата игра и атрактивни забивања привлекувајќи го вниманието на себе.