Санчез објасни зошто го прослави голот против Барселона! (ВИДЕО)

Севиља синоќа со убедливи 4-1 ја победи Барселона во меч од Ла Лига, резултатот го отвори поранешниот фудбалер на каталонскиот тим, Алексис Санчез.

Чилеанецот погоди од пенал во 13. минута, а иако голот го даде против својот поранешен клуб, убаво се израдува на водството.

По натпреварот Санчез се правдаше за својата постапка и го објасни случајот.

„Претходно најавив дека нема да славам ако дадам гол против Барселона, но не можев да се воздржам. Ме надвладеа возбудата и страста ме повлече да го направам тоа. Но, длабоко во себе чувствувам голема љубов кон Барселона“, рече Санчез.