
Вакво нешто не се памети: Татко и син во различни клубови добија откази во ист ден
Прво отказ доби Горгос Петракис кој го водеше АЕЛ, а му пресуди поразот од Волос на домашен терен со 2-5 со што неговата екипа остана на 12-место на табелата со само четири бода.
Само неколку часа подоцна истата судбина го снајде и неговиот татко Јанис Петракис. Тој доби отказ на клупата на Панетоликос кој прими шест гола на гости кај Левадиакос што беше пресудно раководството да му ја покаже вратата.
Тој го остави тимот само едно место зад АЕЛ на неговиот син на претпоследната позиција на табелата.
Инаку, тие беа блиску да испишат историја со меѓусебен дуел кој следеше за четири кола, но тоа нема да се случи.
Фото: AELFC Official