
Руни знае што е проблемот со Салах - скапите трансфери на Ливерпул!
Руни истакна и дека капитенот на „црвените“, Вирџил Ван Дајк би требало да поразговара со Салах. Салах на пет од седум натпревари во Премиер лигата не успеа да постигне гол, а актуелните шампиони го доживеаа и третиот пораз во една недела.
Легендата на Манчестер јунајтед смета дека Салах не помага во одбраната, додавајќи дека трансферите на Исак и Вирц можеби за кои Ливерпул потроши над 240 милиони евра претставувале удар на неговото его.
„Со фудбалери како Исак и Вирц, па и Екитике и парите кои се потрошени за нив можеби е повредено егото на Салах. Големите фудбалери имаат его, Салах долго беше еден од најдобрите во Премиер лигата. Од она што го видов во изминатата недела и во прашање би ја довел неговата работна етика. Знам дека не се враќа секогаш назад, но против Челси воопшто не помагаше и на бековите им беше многу тешко, додека тој само гледаше. Ван Дајк како капитен би требало да разговара и да му каже дека мора да помага“, заклучи Руни.