Официјално: Канаваро го наследи поранешниот македонски селектор

Легендата на италијанскиот фудбал, Фабио Канаваро од денеска и официјално е нов селектор на Узбекистан.

Узбекистан веќе обезбеди пласман на Мундијалот во 2026 година, па така Канаваро кој како фудбалер има три настапи на светските првенства, сега ќе има можност да биде дел од најголемиот фудбалски турнир и како селектор. Ќе потсетиме, Италијанецот стана и светски шампион со Италија во 2006 година на Мундијалот во Германија.

На клупата на Узбекистан, Канаваро го наследува поранешниот македонски селектор, Среќко Катанец кој беше принуден да се повлече уште во јануари поради здравствени проблеми.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by UFA (@uzbekistanfa)