
Нејзиниот син бранеше против Реал, а таа стана хит: Изгледа како да има 25 години (ФОТО)
Иако, неговиот тим беше поразен со 5-0 во тој натпревар, Калмурза покажа талент со кој воодушеви многумина.
Меѓутоа неколку дена подоцна одново се најде во центарот на вниманието, причина сега е неговата мајка, Саула Рабајева.
„Ти си најдобар, сине мој! Ти си моја гордост. Направи се што можеше. За мене секогаш си најдобар. Големи висини се пред тебе. Не се откажувај. Со тебе сме и секогаш верувам во тебе“, стои во нејзината порака.
Но, не е пораката она што го привлеече вниманието, туку нејзиниот изглед. Најголемиот број од фановите не можеа да поверуваат колку помладо од годините изгледа мајката на чуварот на мрежата.
„Чекај, ова е негова мајка?! Изгледа како да му е сестра“, „Нема шанси да е негова мајка, изгледа како да има 25 години...“, гласат дел од коментарите.
Поради изгледот брзо стана вирална, а на Инстагрм ја следат речиси 40.000 фанови. Во казхстанските медиуми веќе ја нарекуваат инфлуенсерка, а многумина предвидуваат дека наскоро ќе стане вистинска регионална ѕвезда.