
Трамп најави спектакл пред Белата куќа каков што досега светот не видел!
Првиот човек на УФЦ, Дена Вајт претходно објави дека првичниот датум е планиран за 4 јули, кога се слави 250-годишнината од американската независност, но очигледно Трамп има поразличен план.
„На 14 јуни следната година ќе имаме голем УФЦ-спектакл во Белата куќа“, кажа американскиот претседател.
Засега не е познато кои борци ќе се појават на настанот, меѓутоа еден од нив би можел да биде Конор Мекгрегор, кој одамна не се борел во рингот.
ФОТО: X.com